Поврзи се со нас

Популарно.мк

„ПАДНАА“ ПРВИТЕ БАКНЕЖИ: Лејди Гага и Бредли Купер уловени во романтична филмска сцена (ФОТО)

Сцена

„ПАДНАА“ ПРВИТЕ БАКНЕЖИ: Лејди Гага и Бредли Купер уловени во романтична филмска сцена (ФОТО)

Откако Лејди Гага го најави својот нов филм минатиот викенд на фестивалот „Коачела“ во режисерската палка на Бредли Купер, изгледа дека пејачката и познатиот актер и продуцент се толку многу зближени, што почнаа и да се бакнуваат!

Причината за тоа е снимањето на филмот насловен „A Star Is Born“, па така се појави и нивната прва заедничка фотографија.

На фотографијата се гледа како Гага и Купер се бакнуваат на мотор додека снимаат романтична сцена.

Иако тие се љубовници во филмот, сепак во приватниот живот се само добри пријатели.

Бредли Купер неодамна доби дете со Ирина Шајк, додека Гага моментално е во врска со својот агент и менаџер Кристијан Карин.

Филмот се очекува да биде готов есента во 2018 година.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.