Поврзи се со нас

Популарно.мк

Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“, нема повредени

Вести

Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“, нема повредени

Пожарот во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и нема повредени лица.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти не постои опасност да се прошири. Интервенирано е со 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Спречено е ширење на пожарот на останатите бараки. Нема повредени лица и пожарникари, истакна Томески.

Со пожарот беа зафатени три бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.