Следи нѐ
To Top

Референдум во Гевгелија – гласањето се одвива без проблеми

Гевгеличани денеска на референдум се изјаснуваат дали се за отворање на рудници на злато по најавите дека канадски компании сакаат да добијат дозвола за експлоатација на злато на планината Кожув.

Според  Гордана Попкочева, претседателката на Општинската изборна комисија, гласачкиот матријал е дистрибуиран до сите изборни места, а формирани се и сите избирачки одбори.

реклама

Право на глас имаат 19.458 жители кои ќе се изјаснуваат на 37 избирачки места. Вчера своето право имаа можност да го остварат 30 затвореници и четири болни лица.

За да биде успешен референдумот треба да излезат 50 отсто плус еден од граѓаните со право на глас или 9.730 жители на Гевгелија. Референдумот ќе го следат 60 набљудувачи од граѓански здруженија и институции.

Во општина Гевгелија денеска во 7 часот беа отворени сите 37 избирачки места на кои граѓаните ќе се изјаснуваат по референдумското прашање дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на планината Кожуф.

– Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот, изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија.

За да биде успешен реферндумот, Поп-Кочева појасни дека на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список и дека првичните резултати ќе бидат познати по 20 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.