Поврзи се со нас

Популарно.мк

Промовирање на стихозбирката „Припек на зајдисонце“ на авторот Ванчо Накев

МК Сцена

Промовирање на стихозбирката „Припек на зајдисонце“ на авторот Ванчо Накев

Денеска во просториите на „Матица Ексклузив“ ќе биде промовирана новата стихозбирка на авторот Ванчо Накев.

Во ова, второ по ред поетско дело на Накев, авторот вели дека инспирацијата ја пронашол во секојдневните феномени на животот.

– „Во поетски естетска смисла, не се работи за никаква сензација, туку напротив самата лична нишка е основа за изразот надвор од било какви клишеа и струења. Инспирацијата се феномените на животот, како повик и начин за комуникација на една среќно несреќна изгубена душа и обид за самонаоѓање во екот и одблесоците на истата таа проста, но магична животна феноменологија“- вели Ванчо Накев.

Промотори на вечерашната промоција, која започнува во 19 часот, се Раде Силјан и Ефтим Клетников, а промоцискиот омнибус продолжува во Штип, на 26 април, во Домот на млади, со почеток во 19:30 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.