Поврзи се со нас

Популарно.мк

Хит во Русија – пивска јога

Занимливости

Хит во Русија – пивска јога

Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога“.

Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.

– Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.

Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man“.

„Пивската јога“ е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме – пивото и јога. И едното и другото се многувековни терапии за телото, душата и умот. Задоволството од пиењето пиво и сосредоточувањето на јога вежбите се комбинираат и создаваат енергично доживување, според инструкторите.

До скоро имало само две училишта за „пивска јога“ во светот – во Берлин и во Сиднеј, а денес ги има на речиси секој континент.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.