Следи нѐ
To Top

ЈА ВРАЌА ПОЗИТИВНАТА ЕНЕРГИЈА: Патувањето го стимулира мозокот

Пристигна пролетта и вистинско време е да си дозволите себе си патување во некои до сега неистражени дестинации.

Запознавањето нови предели не само што го збогатува духот, ослободува од стрес и ја враќа позитивната енергија, туку и го развива мозокот, тврди неврологот Пол Нусбаум од Универзитетот во Питсбург.

реклама

Според него патувањата и искуствата, кои се стекнуваат, придонесуваат за раст на нови врски во мозокот и за намалуање на шансите за добивање Алцхајмерова болест.

– Кога се изложуваме себе на ново комплексно опкружување, мозокот реагира и почнува да личи на џунгла, вели Нусбаум.

Стресот кој некогаш го носи патувањето, а кој е поврзан со тоа дека нешто не е според планот, не само што не го намалува ова влијание, туку го зголемува. Затоа што одреден степен на тензија е добар затоа што го доведува мозокот во состојба на апсолутно внимание.

Добрата вест е дека не мора да се тргне кон освојување на Монт Еверест или некоја европска метропола за да му направите добро на мозокот. Доволно е за викенд да одите на некое ново излетничко место, па дури и до работа да одите по друг пат или да почнете да учите нов јазик, хоби или спорт.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.