//
Следи нѐ
To Top

Џастин Бибер ќе ви го инспирира денот со оваа фотографија!

Време е денот да го „зачиниме“ со едно фото-освежување кое ќе ве инспирира да го преживете овој работен ден. 

Џастин Бибер. Ах, Бибер. Можеме да пишуваме многу за него и неговите лудории од минатото, но денеска сме тука за да го пофалиме. Ќе бидеме кратки и јасни затоа што сликата што ќе ја видите говори повеќе од 1000 зборови.

реклама

Атрактивниот пејач на својот Инстаграм профил објави инспиративна фотографија која само уште еднаш докажува дека со посветеност и напорна работа, сѐ може да тргне на подобро.

Џастин Бибер објави „пред и потоа“ фотомонтажа на која се гледа фотографија од неговото приведување во затворот во Лос Анџелес и друга фотографија направена денес, кога успехот и кариерата му се на највисоко ниво.

– „Ја сакам оваа фотографија затоа што ме потсетува на тоа дека сѐ уште не сум таму каде посакувам да бидам, но фала богу не сум ни таму каде што некогаш бев.“ – напиша Бибер.

Вистинска доза на инспирација, зарем не?

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: