Следи нѐ
To Top

НУХИУ: Ќе има одговорност за сите, полицијата не си ја заврши работата

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу ги осуди синоќешните настани во обранието на РМ и истакна дека дел од структурите на МВР не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност. 

реклама

Посебно посочи на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков кој раководел со Оперативниот штаб на МВР, а не одговарал на телефонските повици скоро два часа.

Нухиу рече дека од морални причини ќе се повлече од функцијата и дообјасни дека тоа ќе го побара од лидерот на неговата партија и ќе создаде услови за мирен трансфер на власта. Тој на прес-конференцијата во МВР го честиташе, како што наведе, изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

– „Сакам да потенцирам дека за жал е очигледно дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога што е за секаква осуда. Дел од вработените наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат обврските постапуваат по наредби на политички центри. Нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Внатрешна контрола е вклучена и ќе бараме одговорност за сите што не постапиле согласно законите вклучително и сите од оперативниот штаб.“, рече Нухиу.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.