Поврзи се со нас

Популарно.мк

Пред Собранието денеска мирно, во протестите повредени над 100 лица (ФОТО)

Вести

Пред Собранието денеска мирно, во протестите повредени над 100 лица (ФОТО)

Безбедносната состојба во централното градско подрачје во Скопје, околу и во Собранието од ноќеска по полноќ е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, во протестите се повредени 109 лица.

Како што стои во соопштението, до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.

Од МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.

Според информациите од МВР, во Собрание на  Република Македонија по полноќ  немало повеќе граѓани, а граѓаните кои протестирале биле надвор од Собранието.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.