Поврзи се со нас

Популарно.мк

СДСМ повика на воздржаност и присебност

РОЈТЕРС

Вести

СДСМ повика на воздржаност и присебност

СДСМ во пишано соопштение повикува на максимална воздржаност и присебност од секој граѓанин, независно од каква било различност.

– Режимот нема да ги спречи демократските процеси. Парламентарното мнозинство ќе ја спроведе граѓанската волја за правна и демократска Македонија, стои во соопштението.

Од СДСМ апелираат на смиреност и никој да не подлегнува на насилните сценарија и провокации за нереди.

– Потребно е секој да биде на ниво на својата одговорност и да придонесе кон смирување на тензиите, затоа што само така ќе се овозможи пат и натамошен развој на демократијата во Македонија којашто е врвен државен интерес, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека во периодот што претстои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

– Сите оние кои денеска вршеа насилство врз легитимните претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом, ќе се соочат со лична кривична одговорност, се вели во соопштението.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.