Следи нѐ
To Top

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

Тензично деноноќие во македонското Собрание.

Околу 17:35 Оливер Спасовски од пратеничката група на СДСМ побара да прекине расправата за избор на Комисија и да се премине на четвртата точка: избор на претседател на Собранието, за да не се узурпира повеќе волјата на граѓаните. Илија Димовски посочи дека тоа би било тоталитаризам со тешки последици.

реклама

Пратениците од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата станаа за да покажат дека се тука и дека се мнозинство. Крсто Мукоски почна да ја пее македонската химна за да станат сите пратеници, а двете страни почнаа со скандираање: едните бараа гласање, а другите избори.

Зеќирија Ибрахими ја испеа и албанската химна.

Ситуацијата започна во 18:30 часот, кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието и пратениците од мнозинството кое го сочинуваат СДСМ, ДУИ и ДПА неколку реда погоре, меѓу столчињата му го честитаа изборот.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

По изборот на новиот претседател на Собранието, неколку стотини граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“ кои протестираа пред Собранието, упаднаа во дворот на Собранието, а потоа и во службените простории. Тие речиси без никаков отпор од триесетината полицајци влегоа во законодавниот дом. Меѓу нив и лица со маски на главите.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

Инцидентите започнаа кога пратениците од мнозинството, но и голем број на новинарски екипи беа затекнати во прес-салата каде упаднаа граѓаните, но и маскираните.

Пред камерите на новинарските екипи беа нападнати неколку пратеници, меѓу кои лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговите сопартијци Радмила Шеќеринска, Максим Димитриев и Дамјан Манчевски како и Зијадин Села.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

Во целата тензична ситуација, полиција и собраниско обезбедување немаше. Граѓаните кои протестираа пред Собранието влегуваа и излегуваа непречено, демолирајќи и обидувајќи се да влезат во салата каде се забарикадираа пратениците од СДСМ и ДУИ и неколку новинарски екипи.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

Наредбата за потиснување на граѓаните и обезбедување на Собранието според официјалното соопштение објавено од прес службата на МВР започна два часа по физичкиот напад. Со шок бомби, туркање и убедување, специјалците ја испразнија зградата на Парламентот.

Околу 22:00 часот специјалните полициски единици организираа акција со која пратениците и новинарите беа извлечени преку задниот влез на Собранието.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

– „Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата“, рече Агим Нухиу, првиот човек на МВР.

Тој најави дека утре ќе побара одговорност од сите ангажирани во оперативниот штаб.

Насилството остро го осудија САД и ЕУ, а насилството во Собранието станаа прва вест во светските медиуми. Претседателот Ѓорге Иванов, во вонредно обраќање кон нацијата, околу 22:00 часот, побара смирување на ситуацијата и закажа лидерска средба. Во неговиот говор немаше ни збор осуда за насилството.

Амбасадата на САД во Македонија, веднаш ги осуди насилствата и порача дека ќе соработува со новоизбранието спикер Џафери.

– „Најостро го осудуваме насилството во Собранието. Тоа не е во согласност со демократијата, и е неприфатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите страни да ги почитуваат демократските процеси и законот и да се воздржат од насилни акции кои можат да ја влошат ситуацијата. Мнозинството пратеници го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието, во рамките на регуларна и континуирана сесија на парламентот, на која сведоци беа јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на Македонија“, стои во реакцијата на амбасадата.

Неколку амбасадори на земји-членки на ЕУ од хотелот Мериот побараа полицијата веднаш да интервенира и да ја гарантира безбедноста на пратениците.

Истовремено се огласија и претставниците на ЕУ, Јоханес Хан и Фредерика Могерини, со сличен став и барања но и одобрување на изборот на Џафери.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во Виена, доцна вечерта се врати во Скопје. Преку социјалните мрежи тој повика на смирување на страстите. Груевски ги обвини СДСМ и другите партии кои ги поддржуваат дека со обидот за незаконски избор на претседател на Собранието свесно придонесоа за зголемување на тензиите и се директен причинител на насилствата.

– „Алчноста за доаѓање на власт по секоја цена е директна причина поради која дојде до оваа несакана ситуација“, рече тој.

Пред седиштето на СДСМ беа неколку стотини членови и симпатизери кои го чекаа враќањето на нивните избраници. Од партијата побараа нивните поддржувачи да останат мирни и порачаа дека ќе се одговара за насилниот упад во Собранието и нападот врз нивните пратеници и лидер.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

– „Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилието на кое што изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, пратеничката група на ВМРО-­ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи, се наведува во соопштението на партијата.

Неколку часа по насилствата, утринава пред Собранието е мирно со зголемено присуство на полицијата околу зградата, а на тревникот се поставени неколку празни шатори. Полицаец го чува и влезот во штабот на СДСМ.

ТЕНЗИЧНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СОБРАНИЕТО: Насилен упад, претепани пратеници и демолирани простории (ФОТО)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.