Следи нѐ
To Top

СДСМ: Следува избор на нова влада

Парламентарното мнозинство согласно Уставот, законите и Деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на Собранието, наведува СДСМ во денешното соопштение до медиумите.

– Го направивме првиот чекор од остварувањето на изборната волја на 700 илјади граѓани.  Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност. Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократсите процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада, се вели во соопштението.

реклама

Според СДСМ, парламентарното мнозинство е одлучно за воспоставување на функционални институции, демократија и правда во Република Македонија.

– Насилието во Парламентот, поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и група нивни соработници со цел спас од одговорност за сторените криминали и злодела, вклучително и на оние во Собранието со напад на пратеници, новинари, вработени во Собранието не смее да се повтори. И за тоа ќе има одговорност. Останавме смирени и присебни во целиот период на провокации и насилство и покажавме како се мисли на државните интереси и како се сака Македонија. Така ќе биде и во следниот период, наведува СДСМ.

Повикуваат никој да не подлегнува на сценаријата кои имаат за цел застранување од демократските процеси и ЕУ и НАТО интеграциите.

– Граѓаните на 11 декември гласаа за својот живот во Македонија и наша должност е тоа да им го овозможиме. По изборот на собраниски претседател ќе следува и избор на новата реформска влада на граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.