Поврзи се со нас

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и посвежо со врнежи – од понеделник затоплување

Вести

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и посвежо со врнежи – од понеделник затоплување

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе опадне за четири до пет степени.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дненвата од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Утринската температура до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Од понеделник следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.