Поврзи се со нас

Популарно.мк

ЖИВИ СТАТУИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Се одржа првиот „Урбан фест“ (ФОТО)

МК Сцена

ЖИВИ СТАТУИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Се одржа првиот „Урбан фест“ (ФОТО)

Последниот викенд од месец април на „Сквер Јадран“ во Скопје се случи првиот „Урбан фест“- фестивал на живите статуи.

– „Овој настан веќе подолго време се подготвувавме да го направиме во Скопје, бидејки додека патувавме со нашата улична театарска трупа „Театроск“ низ Европа посетувајки фестивали од ваков карактер во последниве десетина година дојдовме до заклучок дека ваков настан одлично би го накитил  нашиот главен град. Оваа година се одваживме и истиот премиерно беше изведен во Скопје. Успешно.“ – велат организаторите.

На „Урбан фест“ свое учество земаа артисти, живи статуи од повеќе европски држави, Германија, Португалија, Холандија, Бугарија, Србија, Босна, како и наши, домашни артисти.

Меѓу сите учесници тројца од нив се и светски шамиони за живи статуи: Џон Еик од Германија, Хелена Реис од Португалија и Афке Вестдиијк од Холандија. Секако „Урбан фест“ имаше и музичка програма на која настапија домашни музичка артисти како што се: Летечки Пекинезери, Фолтин, Бугимен и Шурбе.

Идејата е „Урбан фест“ да стане традиоцинален фестивал кој ќе се оддржува во главниот град на нашата татковина и истиот од година во година се’ повеќе да расте и да се проширува.  

„Урбан фест“ оваа година имаше и хуманитарен карактер, за помош на Наташа која е самохрана мајкаи и боледува од рак на желудник. Во шапките на артистите, кои без колебање се согласија да бидат дел од хуманитарната акција се собраа над 20 000 денари, помош за Наташа.  

Доколку „Урбан фест“ стане традиоционален со сигурност ќе продолжи со својата хуманитарност.

„Урбан фест“ целосно беше поддржан од општина Центар.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.