Следи нѐ
To Top

ЗА СИТЕ НА ДИЕТА: Направено е првото чоколадо со една единствена состојка – авокадо

Ако сте љубител на авокадо и чоколади и секогаш сте замислувале дека овие две намирници во комбинација би биле фантастично слатки, тогаш за вас стигнуваат добри вести.

Компанијата Compartes од Лос Анџелес направи авокадо чоколадо. Чоколадите инаку се голем хит на интернет и се достапни во разни геометриски форми и вкусови, а компанијата минатата година предизвика големо внимание меѓу љубителите на чоколадо правејќи чоколадо со вкус на роза. Меѓутоа, сега отидоа чекор понатаму и направија чоколадо од авокадо кое се продава за 10 долари.

реклама

Чоколадото целосно е направено од кремастo и свежо авокадо од Калифорнија. Компанијата тврди дека состојките се органски произведени.

Познато е дека авокадото е многу корисно за подобра функција на мозокот и ниско ниво на холестерол.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.