//
Следи нѐ
To Top

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

Ријана секогаш блеска на црвениот тепих во впечатливи фустани.

Познатата пејачка многу пати до сега им покажа на своите колеги и својата публика како вистински се облекува една кралица, да, Ријана е нашата кралица. :)

реклама

Од нејзиното прво појавување на црвениот тепих на настанот „Мет Гала“, па се до денес, Ријана дефинитивно остави трага во модниот свет низ годините.

2007

На „Мет Гала“ пред точно 10 години младата пејачка се појави во бел фустан на креаторот Џорџ Чакра. Погледнете како изгледаше Рири тогаш, без тетоважите по кои е сега препознатлива.

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2011

Четири години подоца, со забележително подолга коса во огнено црвена боја, Ријана се појави на црвениот тепих во чипкаст фустан кој специјално за нејзе беше креиран од дизајнерката Стела Меккартни. Вистинска дама, зарем не?

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2012

Својата убава страна Ријана ја покажа на црвениот тепих во фустан од крокодилска кожа, потпишан од Том Форд. Со овој елегантен фустан со гол грб Ријана ја покажа една од нејзините први тетоважи.

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2014

Похрабра креација Ријана носеше во 2014 година, креиран од нејзината долгогодишна пријателка Стела Меккартни. Горниот дел беше доволен за да се прозира нејзината тетоважа под градите, а белото здолниште го истакна нејзиното беспрекорно тело. Браво Рири!

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2015

За овој фустан долго се зборуваше! Критирачите не бираа зборови за да ја опишат оваа комбинација, па многу од нив изјавија дека Ријана изгледала на омлет! Златниот фустан Ријана го носеше смело и при тоа никого не остави рамнодушен. Оваа интересна креација е на кинескиот креатор Гуо Пеи, со кој Ријана повторно стана кралица на „Мет Гала“.

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2016

Оваа година кралицата се одлучи за спортска елеганција. Се гледаше дека удобноста на Ријана и е на првото место, а повторно го покажа својот претпознатлив печат на црвениот тепих. Уште еден плус за нашата Рири.

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

2017

Овогодинешната „Мет Гала“ беше навистина инспиративна за Ријана! На што ве потсетува нејзиниот фустан? :)

КРАЛИЦА НА ФУСТАНИТЕ: Погледнете ја Ријана на овогодинешната „Мет Гала“ (ФОТО)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: