Поврзи се со нас

Популарно.мк

РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК ЗА СВЕТОТ: Кралското семејство објави фотографија од малата Шарлот (ФОТО)

Занимливости

РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК ЗА СВЕТОТ: Кралското семејство објави фотографија од малата Шарлот (ФОТО)

Среќен роденден Шарлот! Да, поминаа две години од доаѓањето на свет на малата принцеза.

По тој повод, палатата Кенсингтон објави нова фотографија од принцезата Шарлот, направена низ објективот на нејзината мајка, водводката Катерин.

Војводата и војводката на службениот Твитер профил на Палатата напишаа дека се воодушевени што можат да ја споделат оваа фотографија со јавноста и заеднички да го одбележат овој посебен ден на нивната ќерка.

Сите обожаватели на кралското семејство посебно се воодушевени од оваа фотографија, особено поради фактот што Шарлот ја фотографираат многу ретко, односно последниот пат јавноста ја виде на чајанката во Канада, фотографирана како си игра со нејзиниот брат, принцот Џорџ и балоните во градината.

Инаку, целосното име на малата принцеза е Шарлот Елизабет Дијана, со што родителите им оддаваат почит на нејзината баба, принцезата Дијана и нејзината прабаба, кралицата.

Ваквиот тип на портретски роденденски фотографии станаа традиција во кралското семејство.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.