Следи нѐ
To Top

Анџелина Џоли сака да се смири со Бред Пит?

Иако Анџелина беше таа која стави точка на бракот со Бред Пит, изгледа актерката размислува за тоа како да му се врати на поранешниот сопруг.

Очигледно е дека постојат многу причини за овој пар да се смири, дури и по тешкиот развод кој траеше со месеци.

реклама

Извор близок до актерката рекол дека дел од Анџелина Џоли засекогаш ќе го сакал Бред. Таа многу размислувала за можноста за помирување со згодниот актер, а посебно поради нивните деца.

Сепак, проблем е тоа што и двете страни се сѐ уште лути еден на друг и што имаат многу рани кои тешко заздравуваат.

Бред беше длабоко погоден во целата ситуација околу разводот и борбата за старателство над децата, така што шансите за смирување се сепак навистина мали.

Истиот извод додал дека голем плус во помирувањето се емоциите кои Анџелина ги има кон Бред и тоа што нивната врска била најсилната и најискрената љубов која таа ја имала во нејзиниот живот.

Дали овој познат пар ќе се смири, останува да видиме.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.