Следи нѐ
To Top

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Илјадници натпреварувачи и поддржувачи од рано изутрина ги наполнија скопските улици со една заедничка цел –  13-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон кој го стартуваа рекорден број на 8.500 учесници од 51 држава.

И оваа година Виз Ер Скопски маратон успеа да се надмине себеси во поглед на организацијата и бројот на учесници.

реклама

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

– „Секоја година ме преплавува неизмерна среќа поради тоа што на овој ден се зацврстуваат основните човекови вредности како истрајноста, упорноста и солидарноста. Воедно, денес сериозно ме израдува и бројноста на луѓето кои се појавија да ги охрабрат досега рекордниот број на 8.500 натпреварувачи. Низ годините ги следевме искуствата на останатите метрополи во кои се организира ваков спортски настан и затоа секоја година воведувавме иновативни решенија кои нè доближуваат до останатите поголеми маратони во светот.“, истакна Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопскиот маратон.

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Оваа година на прво место маратонот го заврши Киротич Кируи со 02.12.59, втор беше Едвин Кипруто Кирва со 02.16.15 и третото место го зеде Самуел Кимутаи Киптум со 02.16.32. Во женската категорија прво место беше Стела Барсосио со 2.33.42, второ место Салина Јебет со 2.44.19 и трето место Гладис Бивот со 02.47.06.

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од македонските натпреварувачи во машка конкуренција најдобро пласиран беше Александар Кираџиев кој го освои 6то место со резултат од 02.41.38, а веднаш зад него се пласираа Кокан Ајановски со 02.51.06 и Игор Јакимовски со 02.53.05. Во женската категорија од македонските тркачки на маратонот најдобри беа Весна Кираџиева со 03.20.27, Биљана Кираџиева со 03.21.27 и Катерина Шиповиќ со 03.30.50.

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На полумаратонската трка од 21 километар во машка конкуренција триумфираше Дарио Ивановски со 01.11.27, втор беше Атанас Анчевски со 01.14.10, а трет Милош Ранчиќ со 01.16.07. Во женска конкуренција заедно завршија трите близначки од Естонија Леила, Лина и Лили Лиук со исто време од 01.26.07.

Трката од 5км први ја завршија Богдан Цветковски, Илија Миленковиќ и Горан Мојаноски. Од женската категорија на оваа трка први три беа Марго Бојаџиев, Рената Соколовска и Нагме Бургуч.

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ: Улиците преплавени од учесниците на Скопскиот маратон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тринаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

3S3A7340 3S3A7287 3S3A7735 3S3A7650 3S3A7726 3S3A6326
<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.