Следи нѐ
To Top

Вљубеност уште на четири години

Децата на таа возраст за симпатии најчесто ги бираат, оние кои ги чувствуваат како добри, но и популарни во градинките или во близината во која што живеат.

Научно е докажано кога ќе наполнат три години децата почнуваат да прават разлика меѓу мажите и жените. Тоа значи дека тогаш се идентификуваат со полот на кој му припаѓаат и почнуваат да се интересираат за работите, кои ги прави спротивниот пол.

реклама

Веќе во четвртата година може да им се случи првото вљубување. Родителите можат да забележат дека нивната ќерка најмногу се дружи со некое момче, понекогаш се држи за рака со него шепотејќи му.

Интересно е дека децата на таа возраст можат да покажуваат љубомора кон потенцијалната „конкуренција“, но и „депресија“ ако љубовта не им е возвратена.

Ако детето ви рече дека е вљубено во воспитувачката или во некоја друга нему важна личност, немојте да се грижите, ниту пак да се потсмевате.

Пуштете го, ќе помине природно. Тоа е само фаза и значи дека детето има лојалност кон вљубувањето. Се до 12. година ниту една симпатија не е вистинска, затоа што научниците тврдат дека дури тогаш детето може навистина да се вљуби.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.