//
Следи нѐ
To Top

Фановите му порачаа на Дејвид Бекам да се откаже од глумата (ВИДЕО)

Некои ја споредуваат неговата глума со пеењето на неговата сопруга Викторија.

Следната недела во кината пристигнува новиот филм на британскиот режисер Гај Ричи насловен „Кралот Артур: Легендата за мечот“, а освен трејлерот се појавија и други исечоци од филмот кои ги вжештија коментирањата кај фановите.

реклама

Главната улога ја има Чарли Ханам, а меѓу споредните улоги се најде и името на прославениот фудбалер Дејвид Бекам кој одамна се пофали со оваа улога на социјалните мрежи.

Фановите на тој начин добија можност да видат како фудбалерот се снајде и во актерските води, а според нивните реакции, тоа и не му тргнало баш најдобро.

Ниту ние не сме импресионирани, да бидеме искрени. Фановите дури го споредуваат неговото глумење со пеењето на неговата сопруга Викторија Бекам.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: