Поврзи се со нас

Популарно.мк

Возбудливиот бенд „Тивери корпорејшн“ ќе го отвори „Скопје колинг 2017“

МК Сцена

Возбудливиот бенд „Тивери корпорејшн“ ќе го отвори „Скопје колинг 2017“

Приказната со концертната сезона 2017-та продолжува.

Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, „Тивери корпорејшн“ доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот „Скопје колинг 2017“.

Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.

Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на Скопското Кале со почеток од 21 часот.

Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.

„Тивери корпорејшн“ во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.