Поврзи се со нас

Популарно.мк

Земјотресот кој ги разбуди скопјани почувствуван и во Косово и Србија

Вести

Земјотресот кој ги разбуди скопјани почувствуван и во Косово и Србија

Силниот земјотрес кој рано изутринава ги разбуди скопјани, освен паника и страв кај населението, не предизвикал дополнителни штети.

Тресето било почувствувано и во околината на Скопје, но и во Србија и Косово, а граѓаните кои живеат на повисоките катови велат дека по главниот удар почувствувале и неколку помали тресења.

Инаку, земјотресот бил со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Епицентарот бил кај скопското село Мралино, на 13 километри источно од Скопје.

Соопштение пристигна и од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од таму велат дека земјотресот се случил во 04 часот и 08 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.2. Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.