Следи нѐ
To Top

Искрениот настап и тажната приказна ѝ ја донесоа првата победа на Португалија на „Евровизија“ (ФОТО)

Португалецот Салвадор Собрал победи на 62. издание на изборот за песна на Евровизија кој вчеравечер се одржа во Киев.

Тој оваа неочекувана победа ја опиша како победа на емоциите и победа на музиката.

реклама

Португалецот освои 758 поени од стручното жири и телевоутингот и ја донесе првата победа на Португалија по цели 53 години учество во европскиот избор за најдобра песна.

27-годишниот Салвадор ја трогна европската публика и со својата тажна приказна дека е на листата на пациенти кои чекаат за трансплантација на срце и операцијата мора да биде направена најдоцна до крајот на годината, инаку животот на младиот пејач ќе биде ставен на ризик.

Искрениот настап и тажната приказна ѝ ја донесоа првата победа на Португалија на „Евровизија“ (ФОТО)

Инаку, второто место годинава го освои претставникот од Бугарија, а трета беше Молдавија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.