fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОД ИЗИИС СМИРУВААТ: Земјотресот утринава беше афтершок на ланскиот од 11 септември

Вести

ОД ИЗИИС СМИРУВААТ: Земјотресот утринава беше афтершок на ланскиот од 11 септември

Силниот земјотрес кој утринава ги вознемири и разбуди скопјани е само уште еден афтершок на ланскиот земјотрес од 11 септември кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер.

Ова го изјави Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Земјотресот утринава беше со магнитуда од 4,2 по Рихтер, на само 13 километри источно од Скопје, односно во скопското епицентрално подрачје.

Гаревски додава дека со оглед на тоа што потресот бил во истото епицентрално подрачје како ланското што беше со магнитуда од 5,3 степени, јасно е дека се работи за афтершок од тој земјотрес.

Тој појаснува дека „кога би се работело за нов удар магнитудата би била поголема од 5,3 степени“, но поради тоа што силата на земјотресот е помала, се потврдува дека се работи за афтершок и тоа е вообичаено и покрај тоа што се поминати 9 месеци од главниот удар.

Инаку ланскиот земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи на 11 септември во 15.10 часот, со епицентар на 6 километри источно од Скопје, на длабочина од 4 километри.

На овој земјотрес му претходеше еден помал од 4,2 степени истото утро. По главниот удар за неколку дена скопјани почувствуваа повеќе од десет афтершокови, од кои најсилен беше оној од 12 септември со јачина од 4 степени.

– „Може да очекуваме уште земјотреси со мала јачина помеѓу 2 и 3 степени по Рихтер, кои не ги чувствуваме, но сосема се мали шансите да се повтори земјотресот од септември 2016 година. Иако нагласувам дека земјотресите не можат да се предвидат, ниту пак да се најават“, вели директорот на ИЗИИС.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.