//
Следи нѐ
To Top

Игор Дурловски поднесе оставка од директорската позиција во МОБ

Директорот на Македонската опера и балет и еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, преку својот Фејсбук профил објави дека од 25 мај се повлекува од позицијата директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

– „Ова е исклучиво професионално и хумано обраќање како Ваш актуелен претпоставен во овие бурни општествени времиња во кои сум чувствувал лична и морална одговорност, како раководител на најголемата културна институција, да се борам за напредок, не само за културната политика, туку и онаа која може да влијае врз развојот на целокупната домашна уметност“, вели меѓу другото во Фејсбук обраќањето до вработените, директорот во заминување на МОБ, Дурловски.

реклама

Тој пред извесно време се повлече и од организаторската улога во иницијативата „За заедничка Македонија“, но еден ден подоцна, повторно се врати.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: