Следи нѐ
To Top

СЗО: На секои 40 секунди во светот се случува по едно самоубиство

Во Бугарија во 2014 година се самоубиле вкупно 731 лице, што прави просек од две самоубиства на ден, покажуваат податоците од анализата на Евростат за самоубиства меѓу жителите на земјите од ЕУ истата година, јави БТА.

Бројот на самоубиствата кај мажите е околу три пати поголем од тој кај жените, 554 претставници на посилниот пол си го одзеле животот во 2014 година, а меѓу жените се регистрирани 174 случаи.

реклама

Кулминацијата на случаи на самоубиства имало во 2011 и 2012 година, кога се самоубиле 800 односно 811 лица, покажуваат податоците на експертите од Националниот центар за заштита на јавното здравство и анализи.

Според нив, соодносот на обидите за самоубиство и реализацијата бил 4:1, што значи дека во 2014 година во Бугарија имало околу три илјади обиди за самоубиство или просечно 7 до 8 Бугари на ден се обиделе да си го одземат животот.

Експертите ги означуваат април, јуни и август како најкритични, бидејќи тогаш се реализираат највисок процент од самоубиствата.

Истрагата на Евростат покажува дека во Бугарија во 2014 година се реализирале во просек околу десет самоубиства на сто илјади лица, а највисок показател има Литванија, 32 случаи на сто илјади лица население.

Во ЕУ нивото на самоубиства е во просек 11 смртни случаи на сто илјади  жители во анализираниот период.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.