Следи нѐ
To Top

Матурантите ќе танцуваат квадрил на плоштад „Македонија“

Традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денеска напладне на плоштадот „Македонија“.

На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

реклама

Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.

Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно напладне со посредство на Македонското радио – Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе го танцуваат квадрилот.

По завршувањето на парадата ќе има честитка од Делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет.

Годинава, матурантите ќе танцуваат и салса на музиката „Shape of you“.

Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Во Скопје викендов 33 сообраќајки, повредени 12 лица

    Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на...

    Информативна Редакцијамај 19, 2017
  • Најстудено во Берово и во Скопје

    Најстудено изутринава во седум часот беше во Берово и во Скопје Петровец, каде што се измерени минус шест степени Целзиусови, по...

    Информативна Редакцијамај 19, 2017
  • Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

    Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата...

    Информативна Редакцијамај 19, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.