Поврзи се со нас

Популарно.мк

Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја

Музика

Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја

Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин на турнејата по бомбашкиот напад во Манчестер, по крајот на нејзиниот синоќешен концерт, јави интернет страницата ТМЗ.

Како што пренесува ТАСС, Гранде е се уште е во шок, по загинувањето на најмалку 22 лица, од кои повеќето тинејџери.

Следните концерти од турнејата под наслов „Опасна жена“ (Dangerous Woman), беа предвидени за 25 и 26 мај, во Лондон. По настапите во Велика Британија, американската поп пејачка требаше да оди во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија, Франција…

Бомбата во Манчестер елсплодираше веднаш откако Аријана ја напушти сцената по крајот на концертот, близу влезот на арената.

Самата пејачка не е повредена, но е во состојба на шок.

– Јас сум уништена! Од сето срце ви велам, многу ми е тешко. Просто, немам зборови!, напиша таа на својот Твитер налог.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.