//
Следи нѐ
To Top

Напаѓачот од Манчестер идентификуван како Салман Абеди

Мажот осомничен за синоќешниот самоубиствен бомбашки напад во Манчестер, е идентификуван како 23-годишниот Салман Абеди, објави ЦБС Њуз.

Абеди од претходно им бил познат на британските власти.

реклама

Полицијата на Манчестер претходно соопшти и дека е уапсен 23-годишен маж поврзан со бомбашкиот напад.

Одговорност за синоќешниот напад на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, при што загинаа 22 лица, а десетици се повредени, денеска презеде групата Исламска држава (ИД).

Меѓутоа, американските разузнавачки служби соопштија дека не можат да потврдат дали постои поврзаност меѓу самоубиствениот напад во Манчестер и ИД.

– ИД презеде одговорност за нападот во Манчестер, но тие преземаат одговорност за секој напад. Уште не ја имаме потврдено поврзаноста, изјави директорот на американските разузнавачки служби Ден Коутс при сведочењето пред сенатскиот Комитет за вооружени сили.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: