Следи нѐ
To Top

Најмалку 19 мртви на концерт на Аријана Гранде во Манчестер

Најмалку 19 лица загинаа, а околу 50 се повредени во најмалку една експлозија која одекна на концерт на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, јави Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на полициски извори.

Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека свикува за во 9 часот по локално време во Лондон вонредна седница на владината комисија „Кобра“ поради синоќешната експлозија во Манчестер.

реклама

Иницидентот таа го нарече „ужасен терористички чин” и истакна дека нејзините мисли се со повредените и со семејствата на сите жртви.

– Ние работиме на тоа да ги утврдиме сите детали“ од инцидентот, истакна Меј.

Полицијата засега претпоставува дека станува збор за две детонации, но се уште не се знае причината за експлозиите.

Најмалку една експлозија одекна по завршувањето на концертот на Аријана Гранде, по што илјадници лица во паника почнаа да го напуштаат настанот. На Твитер се поставени видеа во кои се гледа како фанови бегаат и врескаат.

Според зборовите на очевидци, повеќето гледачи меѓу 20-илјадната публика биле деца и адолесценти, со оглед на тоа дека 23-годишната американска пејачка  е идол на многу млади луѓе.

Нејзиниот портпарол соопшти дека таа не е повредена.

„Скршена сум. Жалам од дното на душата за тоа што се случи. Едноставно немам зборови“, напиша таа на Твитер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.