//
Следи нѐ
To Top

Почина тајниот агент 007, славниот актер сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур (89) почина денеска во Швајцарија по кратка борба со канцерот.

– „ Со искрена жал соопштуваме дека нашиот сакан татко сер Роџер Мур почина денеска во Швајцарија, по кратка но храбра борба против канцерот“, соопшти неговата фамилија. „Љубовта со која го опкруживме последните денови не може да се опише со зборови. Знаеме дека љубовта и почитта кои луѓето ја имаа за него само ќе растат во текот на годините, ширум светот, кај оние кои го запознаа преку филмовите, телевизиските мисии и страственото работење со УНИЦЕФ.“

реклама

Соопштението го потпишаа неговите деца, Дебора, Џефри и Кристијан.

Според неговата последна желба, Мур ќе биде погребан приватно на грбиштата во Монако.

Роџер Мур во својата кариера оствари стотина филмски, телевизиски и театарски улоги.

Тој се прослави со улогата на детектив во серијата „Светецот“, а светска слава постигна толкувајќи го ликот на тајниот агент Џемс Бонд, со кодиранато име 007.

Мур настепи во дури седум филмови за Бонд, работени според романите на британскиот писател Јан Флеминг. Меѓу најпознатаите се „Октопуси“, „Живеј или умри“, „Шпионот што ме сакаше“ и „Мунрејкер“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: