Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Матурантите почнуваат со полагањето на државна матура

Вести

Матурантите почнуваат со полагањето на државна матура

Полагањето на државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година почнува денеска со тестот по мајчин јазик и литература.

Покрај денешниот испит, ќе има уште три испити од државната матура до 14 јуни, а вкупно годинава се пријавени 16.426 кандидати.

Според податоците на Државниот испитен центар, 10.632 матуранти се пријавени за тестот по македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.

Според видот на образование, 8.274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.

Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.