//
Следи нѐ
To Top

ПОБРЗАЈТЕ: Почна резервацијата на билети за Суперкупот во Скопје

Започна резервацијата на билети за големиот спектакл – Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август ќе се одржи на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Секој сака во живо да го следи мечот меѓу Манчестер јунајтед, како победник во Лигата на Европа, и првакот во Лигата на шампионите, кој ќе биде одлучен на 3 јуни во Кардиф, меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

реклама

На онлајн системот може да се резервира само бројот на посакуваните билети на еден од сајтовите што се бави со препродажба на билети од големи настани, но тоа не значи и дека веќе сте завршиле работа за онлајн купување на скапоцената влезница.

По ова ќе треба да бидете дополнително контактирани, и да ви биде дадена информација за точната цена на влезниците, и рокот за плаќање.

Онлајн продажбата на билетите на УЕФА ќе започне дури откако ќе се одигра финалето во Лигата на шампионите, а УЕФА дополнително ќе го најави точниот датум.

Вашиот билет можете да го регистрирате на следниот линк: http://uefafinaltickets.com/football-en/supercup-uefa-en/17566

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: