Следи нѐ
To Top

Јужнокорејците направиле сладолед за лечење на мамурлак

Јужна Кореја важи за азиска земја во која луѓето најмногу пијат алкохол па правењето лек за мамурлак е логичен след на настаните. Се работи за сладолед за мамурлак кој е наречен Gyeondyo-bar.

Gyeondyo-bar има вкус на грејпфрут со мала количина на ориентален овошен сок од стебло на суво грозје. Сокот од грозје е состојка која во Кореја се смета за лек за мамурлак уште од 1600-тите години, кога како таков е наведен во една книга.

реклама

Студијата од 2012 година која е објавена во списанието The Journal of Neuroscience открила дека екстрактот од грозје може да ги намали ефектите од опиеност кај глувците.

Јужнокорејците направиле сладолед за лечење на мамурлак

„Gyeondyo-bar во превод значи држи се и им помага во проблемите кај тие кои треба да работат по помината ноќ богата со алкохол и пружа утеха на тие кои мора рано да одат на работа по една таква забава” – се наведува во соопштението на ланецот продавници Withme FS која го произвела сладоледот.

Резултатите од истражувањето од 2013 година покажале дека Јужна Кореја годишно изгубила осум милијарди долари поради слаба продуктивност, медицинските трошоци и прерана смрт предизвикана од конзумирање на алкохол.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.