//
Следи нѐ
To Top

„Скопје колинг“ се сели на стадионот на АРМ

Од Авалон продукција информираат дека има измена на локацијата за фестивалот SKOPJE CALLING 2017.

Имено, поради Супер купот во фудбал, не сме во можност да ја одржиме фестивалската вечер на 23-ти јуни со MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR во Телеком Арената и поради тоа, истата ја префрлуваме на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.

реклама

Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

Поради оваа измена, логично е на истата локација да биде и настапот на THIEVERY CORPORATION, којшто ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на MARTIN GARRIX на 23 јуни, со тоа што за THIEVERY CORPORATION, просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.

Не` чека навистина неверојатна концертна сезона!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: