//
Следи нѐ
To Top

Болните од мултипла склероза бараат современа терапија за третман на болеста

Кристина е една од 1.300 Македонци која се бори со заболувањето – мултипла склероза, за кое медицината нема се уште пронајдено лек.

Пред неколку години болеста и прогресирала, па морала да ја затвори фирмата во која работела како сметководител, а сега зема инвалидска пензија.

реклама

Болните од мултипла склероза се жалат дека примаат терапии постари од 20 години, со што сериозно им се влошува здравствената состојба.

– „Ако се споредиме со поразвиените земји, каде што самиот пациент можеби ќе заборави на болеста, а државата не, таму пациентите секој месец имаат редовни прегледи, имаат адаптирани станови, работни места, имаат лични асистенти кои се грижат за нивното здравје. Во тој случај и ние треба да тежнееме кон тоа“, вели Кристина.

На Клиниката за неврологија се регистрирани околу 1.300 пациенти со ова заболување.

– „Нашиот апел е во нашата држава да дојдат лековите кои во моментов се актуелни и придонесуваат до 65 проценти успорување на прогресија на болеста, бидејќи во моментов примаме терапија која е со 23 насто на спречување на болеста“, изјави Дејан Ѓоргиевски, претседател на Здружението „Мобилност“.

Инаку, во светот повеќе од два милиона луѓе живеат со мултипла склероза. Првите симптоми се заматен вид, слабост во екстремитетите и нестабилност. Причината за појавата на оваа болест сѐ уште не е позната.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: