Следи нѐ
To Top

АРИЈАНА СЕ ВРАТИ ВО МАНЧЕСТЕР: Утре ќе се одржи голем хуманитарен концерт!

Во вторникот Аријана Гранде објави дека се враќа во Манчестер на 4 јуни за да одржи добротворен концерт за жртвите од терористичкиот напад на нејзиниот концерт од 22 јуни.

Концертот го носи името „Една љубов Манчестер“ и на истиот ќе настапат голем број на ѕвезди – Џастин Бибер, Кејти Пери, Мајли Сајрус, Колдплеј, Најал Хоран, Литл Микс, Блек Ајд Пис, Фарел и Роби Вилијамс.

реклама

„Една љубов Манчестер„ се распродаде за 20 минути, а ќе се одржи на стадионот „Олд Трафорд“ кој има капацитет од 50.000 луѓе.

Концертот ќе се емитува во живо на ББС Уан, но и на интернет, со почеток од 19:15 до 21 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.