//
Следи нѐ
To Top

НОВА ФЕСТИВАЛСКА ЅВЕЗДА ВО ЕВРОПА: 50.000 фанови на првиот Sea Star во Умаг!

По четирите незаборавни дена минатиот викенд, од 25-ти до 28-ми мај, со спектакуларните настапи и непресушната енергија, заврши првото издание на Sea Star Фестивалот во сончевата лагуна на ресортот Stella Maris во Умаг.

EXIT Летото на љубовта, кое спојува дури четири земји во регионот, започна на најдобар можен начин и ја лансираше новата блескава ѕвезда на фестивалското небо на Европа, а Sea Star ја оправда титулата на еден од најисчекуваните фестивали на Јадранот.

реклама

Осумте месеци подготовки и незапаметениот интерес од самата најава за доаѓањето на фестивалот во Хрватска резултираше со тоа што Sea Star веќе со премиерното издание стана еден од најголемите морски фестивали во Европа.

НОВА ФЕСТИВАЛСКА ЅВЕЗДА ВО ЕВРОПА: 50.000 фанови на првиот Sea Star во Умаг!

Со настапите на најголемите светски хедлајнери, врвната продукција и повеќе од 50.000 воодушевени посетители од преку 70 земји, кои за време на четирите дена и ноќи поминаа низ фестивалската порта, Sea Star уште во премиернното издание го постигна високиот EXIT стандард. Ако на тоа се додаде и дека сѐ помина без ниту еден инцидент или било каква штета, може со право да се каже дека родена е новата фестивалска ѕвезда на Хрватска, регионот и цела Европа.

Од 1-ви јуни EXIT Лето на љубовта продолжува во Романија со Revolution фестивалот кој ќе трае до 3-ти јуни, потоа следува седумнаесеттиот EXIT на Петроварадинската тврдина, кој оваа година трае дури пет дена и ноќи од 5-ти до 9-ти јули, за летото на крај повторно да се врати на море со Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули на спектакуларната плажа Јаз.

До крајот на оваа недела актуелна е омилената EXIT 4+1 акција со која сите кои групно купуваат четири влезници, петтата ја добиваат ПОДАРОК! Акцијата 4+1 ќе трае само до понеделник 5-ти јуни, а залихите на овие влезници се при крај.

Прекрасната лагуна на Stella Maris е домот на Sea Star фестивалот, каде што во четири дена се менуваа 70 изведувачи, а увертира во сето тоа беше нултиот ден со кој уште еднаш е потврдена посебната поврзаност на Sea Star и Умаг, градот кој се покажа како одличен домаќин на посетителите од сите краеви на светот.

Голем печат на целиот фестивал стави култниот и експлозивен бенд The Prodigy кој пред еуфоричната публика го прикажа очекувано спектакуларниот настап, а Умаг веќе после првите нумери го вдахна автентичниот дух на EXIT кој сега престојува и во Истра.

Живата легенда на денс музиката Fatboy Slim потврди дека е ненадминлив мајстор на хаус музиката чиј настап ќе остане запаметен најмалку колку што ќе се паметат и плејадата хитови со кои ги распамети десетиците илјади луѓе во Stella Maris.

Берлинскиот техно херој Paul Kalkbrenner изведе маестрален настап во финалето на главниот дел од фестивалот и публиката ја воведе во сончевото утро и присорот кој може да се спореди само со Егзитовата колосална Денс Арена. Новите миленици на регионалната публика, Modestep, за прв пат во регионот со својот лајв настап приредија ерупција на енергијата која уште долго ќе струи меѓу посетителите, а Pendulum со диџеј сет докажаа зошто ниту еден драм-енд-бејс спомен не може да пројде без нив.

Сјајната ѕвезда на денс музиката и хитмејкерот Spiller ги донесе своите танцувачки тонови по отвореното небо, а Дубиоза Колектив во налетот на енергијата ги покоси сите со dub, reggae и rock ритмите резервирани за најголемите бини. Регионалните техно доајени со светски глас, UMEK, Марко Настиќ и Петар Дундов, ги оправдаа ударните термини, настапувајќи рамо до рамо со некои од најголемите глобални ѕвезди, додека непресушен талент од регионот покажаа уште и S.A.R.S, Brkovi, Artan Lili, Pips, Chips & Videoclips, Bad Copy, Elemental, Jonathan, Sassja, Kiša metaka, Kandžija, Nipplepeople, Kawasaki 3p, Rambo Amadeus и домаќините на фестивалот Urban & 4.

Целодневната забава за збогување во лагуната траеше до изгрејсонце со ритмите на суперстар продуцентот Mahmut Orhan чиј хит „Feel“ го означи официјалното завршување на првиот од четирите фестивали на големото, регионално EXIT Лето на љубовта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: