//
Следи нѐ
To Top

Реал Мадрид доаѓа во Скопје!

Фудбалерите на Реал Мадрид се првиот тим во историјата на Лигата на шампионите го одбранија трофејот, откако вечерва во Кардиф во финалето го победија Јувентус со 4:1.

„Кралскиот клуб“ воедно го освои третиот наслов европски шампион во последните четири сезони и вкупно 12. во историјата на клубот.

реклама

Кристијано Роналдо постигна два погодока (20. и 64. Минута), а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Касемиро (61) и Марко Асенсио (90).

Погодокот за Јувентус беше дело на Марио Манџукиќ (27).

Јувентус кој го загуби седмото свое финале од вкупно девет во натпреварите за континенталниот трофеј, натпреварот го заврши со играч помалку поради црвениот картон на Квадрадо во 84.минута.

Старо-новиот европски шампион на 8 август ќе гостува во Скопје во Супер купот каде за трофејот ќе игра со победникот од Лига Европа, екипата на Манчестер Јунајтед.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: