Следи нѐ
To Top

СТОИЛОВ: Се надевам ја израдувавме цела Македонија (ФОТО)

Капитенот на европскиот првак во ракомет РК Вардар, Стојанче Стоилов, беше пресреќен по освојувањето на трофејот европски шампион, прв за Македонија во машкиот ракомет.

– Горд сум што сум капитен на овој тим. Играчите покажаа карактер. Не знам како да објаснам. Првпат имаме македонски европски шампион во машка конкуренција. Знаевме дека ќе биде тешко како во полуфиналето. ПСЖ е силен, исто како и Барселона. Се боревме цел натпревар. Одбраната, голманот беа одлични. Се надевам дека ја израдувавме цела Македонија, изјави Стоилов.

реклама

Вардар вечерва во финалето од ЛШ го победи ПСЖ со 24:23 и за првпат во историјата се искачи на европскиот ракометен трон.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.