Следи нѐ
To Top

ЕДНА ЉУБОВ ВО МАНЧЕСТЕР: Аријана одржа емотивен концерт со помош на своите колеги (ФОТО)

Хуманитарниот концерт на Аријана Гранде насловен „Една љубов Манчестер“ се одржа синоќа во спомен на жртвите од терористичкиот напад на 22 мај и нивните семејства.

– „Ве сакам навистина многу и мислам дека овој тип на сплотеност кој го покажуваме е лекот кој му е во моментот потребен на светот“ – порача Аријана.

реклама

Целото случување се емитуваше во живо на јутјуб, фејсбук и твитер, а се пренесуваше и во живо на повеќе телевизиски и радио станици.

На почетокот Маркус Мамфорд ја поздрави публиката и замоли за едноминутен молк.

Концертот беше отворен со соло изведба на песната „Timshel“.

На настапите набрзо се приклучи и Роби Вилијамс, а после него и Фарел, Мајли, Најл, Литл микс, Кејти Пери, Џастин, Колдплеј, Лајам и секако Аријана.

Младата пејачка беше толку многу емотивна низ целиот концерт што неретко беше во состојба да ја заврши песната која ја изведува.

ЕДНА ЉУБОВ ВО МАНЧЕСТЕР: Аријана одржа емотивен концерт со помош на своите колеги (ФОТО)

– „Ве сакам, многу! Ви благодарам што дојдовте заедно и што сте полни со љубов, силни и обединети. Ве сакам многу и оваа сплотеност која ја покажувате е лекот којшто му е потребен на светот во моментот“ – изјави Гранде.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.