//
Следи нѐ
To Top

Мајли и Аријана им ја исполнија желбата на фановите на емотивниот концерт во Манчестер (ВИДЕО)

Уште еден пример за тоа колку голема моќ имаат социјалните мрежи!

Откако минатата недела Аријана Гранде објави дека ќе одржи голем хуманитарен концерт во Манчестер на кој и се придружија голем број на колеги, меѓу кои и Мајли Сајрус, фановите им ја предложија идејата на двете пејачки, кои во исто време се и добри другарки, заеднички да ја изведат песната „Don’t Dream It’s Over“ на настапот.

реклама

Тие оваа песна ја изведоа за првпат заедно на една од лајв сесиите на Мајли објавени на јутјуб, а пораката на песната едноставно беше совршена за настап на овој хуманитарен концерт.

“Тие доааѓат,
Да изградат ѕид меѓу нас,
Но ние знаеме дека нема никогаш да не победат”, се вели во стиховите на песната.

Девојките несомнено ја прочитале желбата на своите фанови и решија пријатно да ги изненадат на овој емотивен концерт.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: