Следи нѐ
To Top

Селена Гомез напиша отворено писмо за поддршка на ЛГБТ заедницата

Селена Гомез одговори на иницијативата за одбележување на Геј Прајд месецот, инициран од страна на списанието Билборд и напиша писмо до членовите на ЛГБТК заедницата,  во кое сподели увид во своето детство во кое била опкружена со „љубезни, забавни и драги пријатели“ на својата мајка, кои биле хомосексуалци.

– Јас се сеќавам кога бев дете и кога во неделите одев на ручек со мајка ми и група нејзини пријатели. Не знаев дека тие се геј, зашто во тоа време не сфаќав што значи тоа. Се што знаев е дека се љубезни, забавни и драги луѓе во чие друштво сакав да бидам. Дефинитивно морам да и заблагодарам на мојата мајка што ме воспитуваше во духот на отворен ум и опкружување кое не осудува, напиша Селена во писмото.

реклама

Исто така, таа раскажа дека нејзината мајка за 16-ти роденден организирала многу убаво изненадување.

– Бев изненадена со настап на најубавата Драг кралица, која ја пееше мојата омилена песна, рече Селена.

Младата пејачка гледа напредок кој ЛГБТК заедницата го остварила до сега, но признава и дека пред нив има уште многу работа.

– Се радувам на денот кога тие лица нема да бидат осудувани и дискриминирани и кога луѓето нема да се плашат од својата сексуалност, напиша Селена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.