Следи нѐ
To Top

Аријана Гранде носеше веренички прстен на концертот во Манчестер? (ФОТО)

Фановите се прашуваат дали прстенот на нејзината рака е веренички.

На настапот во Манчестер, Аријана Гранде на раката носеше дијамантски прстен и со тоа го разбуди сомнежот дека тајно се верила со нејзиното момче.

реклама

Прстенот на нејзината рака навистина многу личи на веренички. Инаки, таа во септември минатата година објави во јавноста дека е во врска со Мак Милер, а гласините за веридбата се појавија во јавноста во јануари, кога пејачката ја подготвуваше турнејата „Dangerous Woman“.

Во едно интервју Аријана откри дека двајцата биле добри пријатели долго време, пред да ја започнат врската, но љубовта меѓу нив секогаш била присутна.

– „Ние пред сѐ се сакаме како најдобри пријатели“ – изјави Аријана тогаш.

Инаку на настапот во Манчестер, Мак настапи заедно со Аријана, а младиот пар не успеа да се воздржи, па сподели нежности на сцената.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.