Следи нѐ
To Top

РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ: И следната година ќе бидеме прваци! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Неколку илјади граѓани денеска беа дел од свечениот дочек на плоштадот „Македонија“ на ракометарите на Вардар откако во неделата направија историска победа во Лигата на шампионите и го освоија европскиот трон.

На бината пред присутната публика беа поздравени сите ракометари од тимот, членовите на стручниот штаб и сите оние кои придонесоа за подготвеноста на тимот за победата во Келн.

реклама

РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ: И следната година ќе бидеме прваци! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Овации и скандирање доби и тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, кој најави дека и следната година ќе се потруди Вардар да биде европски првак.

– „Сакам да се заблагодарам на сите за вашата голема поддршка, сите треба да бидеме горди. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи, сите играа со мозок, со срце. Сакам да му се заблагодарам на нашиот претседател Сергеј Самсоненко, без него немаше да бидеме тука“ – изјави тој.

Инаку, голем број на поддржувачи ги поздравија ракометарите на аеродромот „Александар Велики“ и по скопските улици по кои се движеше автобусот. Ракометарите ги дочекаа и поздравија неколку илјади поддржувачи на Плоштадот Македонија.

РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ: И следната година ќе бидеме прваци! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Свечениот дочек на ракометарите на Вардар беше одранизирано од Град Скопје, а од ЈСП СКОПЈЕ беше организиран бесплатен автобуски превоз за организиран пречек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на дочекот низ објективот на нашиот фоторепортер Драган Тануровски.

Tanurovski-6230 Tanurovski-5873 Tanurovski-5944 Tanurovski-6441 Tanurovski-6375 Tanurovski-5998 Tanurovski-6015
<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.