//
Следи нѐ
To Top

СТАРТУВА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Најавени големи забави на плажата Градиште во Охрид

Заокружете го 24 јуни – денот кога една од најубавите охридски плажи ја стартува сезоната лето 2017.

Токму за отворањето на комплетно реновираната плажа, која сезонава добива сосема нов и многу поразличен, уникатен изглед, односно во новата сезона една од најубавите плажи на Охридското Езеро ќе има комплетно сменет изглед, кој веруваме дека ќе ги задоволи вкусовите и апетитите и на најпребирливите, се најавува маратонска журка со неколку познати диџеи, пена забава и изненадувања за сите посетители на Градиште 1, 2 и 3.

реклама

И тоа не е се, зашто на Градиште летово ќе има забави за сите вкусови, па така веќе на 22 јули на Градиште 1, 2 и 3 ќе се одржи традиционалниот, десетти по ред Love and happiness фестивал, во чии рамки на сите три плажи ќе има забави со неколку светски и домашни диџеј имиња, кои ќе бидат објавени наскоро.

Се очекува за добрата атмосфера да се погрижат преку 30 изведувачи, а за посетителите се предвидени и пена забава, огномет…

Забавите на сите три плажи почнуваат во 21 часот, а билетите во претпродажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од понеделник. Билетите на врата ќе чинат 600 денари, а во претпродажба може да се набават преку мрежата на купикартизасе, станица Стража, плажата Градиште, Острово – Свети Наум и ланџ бар Ноа во Охрид.
29 јули, пак, е резервиран за спектакуларниот концерт на најголемата фолк ѕвезда на просторите на поранешната држава – Лепа Брена.

Настапот на Лепа Брена е закажан на плажа 2, па заради ограничениот капацитет бројот на влезници е ограничен. Во претпродажба билетите ќе бидат по промотивна цена од 600 денари, додека на врата таа ќе биде повисока. Стартот на концертот е во 21 часот.

На 5 август гостуваат шармантните Фрајле, четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад, девојките кои ги освојуваат срцата на публиката од 2009 година кога е основан бендот. И Фрајле ќе се погрижат за журката на плажа 2.

Влезниците за дружбата со девојките кои свират од руско-циганска музика до актуелни поп-рок и авторски теми во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: