//
Следи нѐ
To Top

Македонските хип хоп танчери светски вице-шампиони

Второ, петто и шесто место освоија танчерите од танчерското студио „Beatrix Crew“ од Скопје на Светското првенство во модерни танци кое се одржа минатата недела во Пореч, Хрватска. Со трите награди во категорија Urban Dance Styles тие го постигнаа најдобриот пласман за Македонија.

Во Пореч тие се претставиле со три хип хоп точки и со сите се пласирале во финалето во категорија Urban Dance Styles, формација А-лига.

реклама

Второ место освоила возрасната група Evoke во конкуренција од 47 групи, петто место од 40 пријавени освоила возрасната група Colors и шесто место во истата категорија со јуниорската група Yung Trixtz. Групата Colors освоила и специјална награда доделена од самата федерација ESDU за најдобра кореографија во категоријата Urban Dance Styles.

Судии на овој натпревар биле реномираните светски кореографи како EZ Twins,  Жељко Божиќи и Матиц Задравец од Словенија, Jose De La Cruz  од САД,  …

Dance Star – Global Dance Competitions има натпреварувачки карактер во кој учествуваат над 55 земји и повеќе од 50.000 танчери.

Покрај натпреварот, оваа година по повод 10-годишнината од одржувањето на Dance Star – Global Dance Competition, ESDU на изненадување на сите учесници сними видео запис во кој учествуваа најдобрите танчери на Dance Star натпреварот.

Како резултат на одличните танчерски способности и впечатокот кој го оставија кај организаторите и судиите на овој глобален натпревар, танчерите од студиото Beatrix Crew беа одбрани да учествуваат во видео проектот, со кореографија на Матиц Задравец.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: