Поврзи се со нас

Популарно.мк

ВИНО ФЕСТ 2017: Квалитетно вино, добра музика и улични артисти пред Веро центар

МК Сцена

ВИНО ФЕСТ 2017: Квалитетно вино, добра музика и улични артисти пред Веро центар

Познати музички имиња од земјава, атрактивни бендови од странство, аниматори, жонглери и улични артисти, заедно со најквалитетните вина на винарниците од земјава, ќе бидат дел од големиот настан Вино фест 2017, кој ќе се одржува од 14 до 18 јуни на отворениот паркинг пред Веро центар.

Посетителите на фестивалот пет дена ќе можат да уживаат во внимателно селектирани сортни вина на домашните винарници по промотивни цени, во различни деликатеси, како и да се забавуваат на музика за сечиј вкус со домашни и странски имиња.

Настанот ќе го отвори енергичниот Енрике Лопез со кубанско потекло, заедно со неговиот бенд „Енрике и џипси“, а по нив ќе настапи неповторливиот македонски шоумен Игор Џамбазов. Во следните денови на сцената на Вино фест ќе се појават и домашните музички имиња Дарио, Миле Кузмановски, „Љубојна“ со Џамбо Агушев, „Бета Хаус“, „Куку Леле“, Нина Јанева и „Нокаут“.

Освен Енрике Лопез, дел од интернационалните гости ќе биде и фантастичната група „Барбароса“, која пред неколку години во Скопје со својот настап ги воодушеви посетителите на уличниот фестивал „Баскер фест“.

Посетителите на Вино фест ќе ги проследат и настапите на неколку аниматори, улични изведувачи, акробати, кои ќе се претстават со своите забавни вештини. Посетителите ќе може да ги видат изведбите на неоциркуските забавувачи „Фулософи“, огненото шоу на циркуско дуо „Мајсторот и Маргарита“, уличниот изведувач Ким Потер, како и со огромните меури од сапуница во интерактивниот настап на г-дин и г-ѓа Меур.

Во среда и четврток настапите на музичарите ќе почнуваат од 20 часот и ќе траат до полноќ. Во петок, сабота и во недела ќе почнуваат од 21 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ. Влезот на Вино фест е слободен.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.