Следи нѐ
To Top

Најмалку 10 повредени во силниот земјотрес на Лезбос (ФОТО)

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди егејскиот брег на Грција, соопшти американскиот Геолошки завод, а грчката државна телевизија ЕРТ наведе дека во селото Вриса, на островот Лезбос, има најмалку десет повредени лица во урнатините од старите куќи, пренесуваат француските медиуми.

– Десетици домови се урнати и селските патишта се блокирани. Се обидуваме да ослободиме жена која е заробена во урнатините, за ЕРТ изјави надзорникот на регионалната противпожарна служба, Мариос Апостолидес.

реклама

Епицентарот на земјотресот, што се случи во 15.28 часот по локално време, беше на 11 километри јужно од селото Пломари, на јужниот грчки остров Лезбос, на длабочина од седум километри. Со оглед на тоа дека епицентарот беше меѓу Лезбос и турскиот град Карабурун, во округот Измир, потресот бил почувствуван во повеќе турски градови, меѓу кои и во Истанбул, Измир и Чанакале и предизвикал голема паника меѓу населението. Турските медиуми јавуваат дека досега се регистрирани 33 вторични потреси.

Британските медиуми, повикувајќи се на наводи на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, соопштуваат дека во текот на ударот во Грција се треселе згради и додава дека земјотресот се почувствувал и на острвите Самос и Хиос, како и во Атина и на целиот полуострвов Атика.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.